fbpx

Бензините поскапуваат за денар и пол, дизелот и екстра-лесното масло за денар

-

Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ ги зголемува малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,76 отсто во однос на цените од 1 февруари. Еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 ќе поскапат за 1,5 денари за литар, а еуродизел (Д-Е В) и екстра-лесното масло за домаќинство за денар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 денари за килограм и тој ќе се продава за  32,884 денари за килограм.

Новите максимални цени на нафтените деривати ќе бидат: моторен бензин еуросупер БС-95 ќе чини 62,50 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 64,50 денари за литар, еуродизел (Д-Е V) за 53 денари, а цената на екстра-лесното масло (ЕЛ-1) ќе изнесува 42 денари за литар.

Од РКЕ соопштуваат дека во изминатите 7 денови референтните цени на светските берзи во просек се зголемени и тоа: бензинот за 5,317 отсто, дизелот за 5,308 отсто, екстра-лесното масло за 5,596 отсто и мазутот за 5,613 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,666 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....