fbpx

Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот ќе се продава по иста цена

-

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на бензините за 2,5 денари/литар, додека цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.

Дизелот и натаму ќе чини 86 денари/литар, а екстра лесното масло за домаќинство 84 денари/литар.

Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.

 

Дезинформација е дека имало киднапер во средното музичко училиште во Скопје

Текстот што се споделува на социјалните мрежи се повикува на  објава од профил на Фејсбук, којашто подоцна е избришана од самиот корисник кој призна дека споделил дезинформација. МВР ја...
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download samsung firmware
Free Download WordPress Themes
free download udemy course