fbpx

Бензините поскапуваат за 1,5 денар по литар, дизелот за 3 денара по литар

-

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ горивата ќе се продаваат по повисоки цени.

Бензините поскапуваат за 1,5 денар по литар, дизелот за 3 денара по литар. Екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продава по 2,5 денари по литар повисоки цени, а ќе поскапи и мазутот.

Од полноќ новите цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 111,5 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 113,5 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 107,5 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 105 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС = 56,317 (денари/килограм).

Од Регулаторна поскапувањето го правдаат со пораст на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, светските цени бележат зголемување кај бензините во просек за 1,25 отсто или за 17,4 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 3,681 отсто или за 47,75 $/тон, кај екстра-лесното масло зголемување во просек за 3,681 отсто или за 46,15 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,405 отсто или за 9,55 $/тон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...