fbpx

Бензините поевтинуваат за три денари, дизелот за два денари

-

Од ноќеска на полноќ, бензините ќе се продаваат за три денари по литар помалку од досега, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтинат за два денари, реши денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на „еуросупер БС“-95 од полноќ ќе изнесува 66,5 денари за литар, а на „еуросупер БС“-98 , 68,5 денари за литар.

„Еуродизелот“(Д-Е V) ќе се се продава по цена од 60 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се се намалува за 2,982 денари за килограм и ќе изнесува 32,36 денари.

Малопродажните цени на горивата во просек се намалуават за 4,8 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...