Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

„Еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ за 71,50 денари за литар. Новата цена на дизелот од ноќеска на полноќ ќе изнесува 61,5 денари за литар, додека на екстра-лесното масло за домаќинство 51 денари за литар.

Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.