fbpx

Бензините од ноќеска поскапуваат за 2 денари, дизелот за 3,5 денари

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто во однос на Одлуката од 26.7.2021 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 3 и пол денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 и пол денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,101 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,981 денари за килограм.

Од ноќеска бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 75 денари за литар. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе можат да се набават по цена од 63,50 денари за литар.

Од РКЕ информираат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 5,549 отсто, дизелот за 4,440 отсто, екстра лесното масло за 4,392 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 4,346 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,29 отсто.

„Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и зголемениот износ на акцизата за дизелот согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,36 отсто“, информираат од РКЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...