fbpx

Бензините од ноќеска поевтинуваат за половина денар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто. Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“, се намалуваат за половина денар за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 20.07.2020 година.

Малопродажната цена на „Еуросупер БС-95“ изнесува 59,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „Еуросупер БС-98“ изнесува 61,50 денари за литар. Цената на „еуродизел“ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 20.07.2020 година, и со тоа малопродажната цена на
„еуродизел“ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денари за литар и со тоа истата од ноќеска на полноќ ќе изнесува 53,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,060 ден/кг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...