fbpx

Бензините од ноќеска поевтинуваат за еден и пол денари за литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) информира дека од ноќеска малопродажните цени на нафтените деривати во просек ќе се намалат за 0,82 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно претходната одлука од 15.07.2022 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска се намалуваат за еден и пол денари за литар, и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 101 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе може да се набави по 103 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво од 100 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за половина денар за литар и од ноќеска ќе може да се набави на бензинските пумпи по цена од 98,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,859 денари за килограм, па така Мазутот М-1 НС ќе се продава за 50,044 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,610 отсто или за 30,300 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 1,943 отсто или за 22,650 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,302 отсто или за 14,750 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,368 отсто или за 24,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,0708 ден/$ и е за околу 0,306 отсто повисок од курсот на доларот (60,8843 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...