fbpx

Бензините од ноќеска поевтинуваат за два до два и пол денари за литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) информира дека од ноќеска малопродажните цени на нафтените деривати, во просек, ќе се намалат за 0,88 отсто во однос на одлуката од понеделник.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар. Со ова намалување, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 98,50 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 101 денар за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ, на Екстра лесното масло за домаќинство и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, во просек – кај бензините за 3,927 отсто, кај дизелот за 0,897 отсто, кај екстра лесното масло за 1,042 проценти, а кај мазутот зголемување за 1,983 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,09 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...