fbpx

Бензините од ноќеска поевтинуваат, дизелот ќе се продава по стара цена

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која од ноќеска ќе се намалат малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за два денари за литар. Дизелот, мазутот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по стари цени.

Од полноќ максималните цени на Еуросупер БС-95 ќе изнесуваат 86,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 88,50 денари за литар. Дизел горивото останува по старата цена од 90 денари за литар, додека екстра-лесното масло за домаќинство чини 85,50 денари за литар. Мазутот ќе се продава по досегашната цена од 43,046 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,336 отсто, кај дизелот за 2,826 отсто, кај екстра лесното за 2,731 отсто и кај мазутот намалувањето е за 2,066 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,143 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...