fbpx

Бензините од ноќеска ќе поевтинат за два денари, дизелот поевтин за два и пол денари за литар

-

Цената на бензините во земјава од ноќеска ќе поевтинат за два денари за литар, додека дизелот ќе се продава по пониска цена од два и пол денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Таа донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99 отсто.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) со најновата одлука се намалува за 3 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС не се менува.

Од полноќ, максималната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 93,50 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 96 денари за литар. Еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 93 денари за литар, додека маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе може да се набави на бензинските станици за 91 денари за литар.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,171 отсто, кај дизелот за 3,728 отсто, кај екстра лесното масло за 4,476 отсто и кај мазутот зголемување за 1,600 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...