fbpx

Бензините од ноќеска поскапуваат за два денари, дизелот за половина денар

-

Малопродажните цени на нафтените деривати во земјава од ноќеска на полноќ се зголемуваат во просек за 2,37 отсто.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар за литар. Од вечерва на полноќ дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе изнесуваат 49,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за 2 денари за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 62,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 денари за килограм.

„Одлуката за зголемување на цените на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени кај сите нафтени деривати во изминатата недела. Клучна причина за овој тренд се негативните ефекти од ураганот Сали во Америка, поради кој од минатата средата се затворени рафинериите во Мексико, со што е стопирано производството, а залихите се на минимум. Од друга страна пак, во овој период побарувачката од лесни деривати е зголемена, а поради ограничената понуда во текот на изминатата недела на светските берзи се регистрира значителен раст кај бензинските фракции и тешките мазива“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...