Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 73,50 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава по 75,50 денари, а дизелот ќе се продава по 65 денари.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изминатите две недели изнесуваше 78,68 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 52,06 денари.