fbpx

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) денеска донесе одлука за поскапување на бензините и дизел горивото за 1,5 денари по литар.

Екстра-лесното масло за домаќинство поскапува за 3 денари за литар, а мазутот за 1,14 денари за килограм.

Новите цени ќе стапат на сила на полноќ.

Од 1-та минута на утрешниот ден, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 83,5 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 87,5 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе изнесува 84 денари за литар, а мазутот ќе се продава за 57,347 ден/кг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...