fbpx

Бензините и дизелот од ноќеска поевтинуваат од два и пол до три денари за литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која од ноќеска на бензинските пумпи се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39 отсто, информираат тие.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 3 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98,  Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 и пол денари за литар.

Од ноќеска моторниот бензин Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 105,50 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе може да се набави за 108 денари за литар, додека дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 101 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе изнесува 99,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,085 денари за килограм и сега ќе изнесува 51,564 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,508 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,021 отсто, кај дизелот за 4,102 отсто, кај екстра лесното масло за 4,591 отсто и кај мазутот за 3,082 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...