Бендот FUNK SHUI денеска има нов хуманитарен настап за Кочани

Бендот Funk Shui со нов хуманитарен настап за Кочани 12 06 2025

Членовите на бендот FUNK SHUI денеска ќе имаат нов хуманитарен настап за Кочани, кој ќе се одржи во  20:30 часот на МНТ Летна Сцена „Славиша Кајевски”, во склоп на настанот „Млади за Млади”. Настанот е организиран заедно со МНТ, Telekom_mk и Stereolab.  

Ова е објавата на инстаграм профилот на Funk Shui за настанот денес. 

За претходниот голем хуманитарен концерт кој го одржаа Funk Shui во МКЦ на 15 мај, како и повеќе за бендот имаме претходен напис овде. За тој концерт во МКЦ од бендот изјавија дека им бил најтешкиот концерт во кариерата, а пред да го одржат беа на турнеја. За Трн.мк имаа изјавено дека нивни најголеми хит песни од фановите се „НИКОГАШ ПАК” и „МЕТЕОРИ”. Ова е видео од првиот нивен хит според фановите: 

 

 

На претходниот најголем концерт иако картата на портирница во МКЦ на денот на настанот беше 800 денари и имаше голема посетеност (а се нудеа и поевтини билети продажни онлајн во меѓувреме), овојпат за денешниот настан цената за настапот е 300 денари веројатно за поголем број млади да можат да си дозволат и да се соберат што повеќе средства за хуманитарна помош за Кочани.