Фото: Принтскрин

Активистот и политички затвореник Стјапан Латипау вчера се обиде да си го одземе животот со пенкало додека сведочеше на судењето против него во Минск, главниот град на Белорусија. Латипау даваше исказ за тортурата во затворот по што си го пресече вратот. Во критична состојба полицијата и болничари го изнесоа од судницата и го пренесоа во болница.

Според активистите за човекови права, во затворот Латипау бил под притисок и му се заканувале дека ќе бидат отворени кривични случаи против неговото семејство доколку не се изјасни за виновен.

 

„Татко, по видувањето со тебе ГУБОПиК (Главната дирекција на белоруското МНР за борба против организираниот криминал и корупција) дојде и ме предупреди дека ако не ја признаам вината, ќе бидат ставен во ќелија со тешки криминалци и ќе бидат отворени кривични случаи против моите роднини и соседи“, рече Латипау во судот пред трагичниот настан.