fbpx

Белград без официјален став за одлуката на македонскиот парламент

-

Официјален Белград сè уште не се изјаснил за одлуката што македонското Собрание ја донесе во петокот, да го почне процесот за уставни измени, според Договорот со Грција. На политичката сцена во Србија имаше реакции само од две помали опозициски партии, кои излегоа со спротивставени ставови.

Либерално-демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ оцени дека Македонија покажала политичка храброст и дека Србија треба да учи од нејзиниот паример, додека Демократската партија на Србија (ДСС) соопшти дека одлуката на Собранието „е во спротивност на волјата на огромно мнозинство граѓани изразена на референдум“ и дека претставува предупредување оти „европскиот пат за некои држави е пат во неслобода, неправда и нееднаквост“.

Медиумите во Србија за одлуката на Собранието известуваа главно на основа на агенциските вести и на пишувањата на македонските медиуми. Оние најблиски до српската власт го истакнуваа реагирањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека петок, 19 октомври, „е најлошиот ден во историјата на Македонија“ и дека „одлуката е донесена под притисок, за што е одговорен премиерот Зоран Заев“. Пишуваа и дека „Запад ја турка Македонија во ЕУ и НАТО спротивно на волјата на граѓаните и и го украле името, а опозициските пратеници добиле милион валкани пари за да ја издадат земјата“.

Наспроти ваквите пишувања на српските медиуми, голем дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, рекоа дека гласале по своја слободна волја и не им бил нуден поткуп.

Само мал број медиуми во Србија вчера ја пренесоа веста дека поради заканите, некои македонски пратеници поради закани се под полициска заштита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...