fbpx

Белгиски затвореник ќе биде еутаназиран на 11 јануари

-

52-годишниот Франк Ван ден Блекен, кој издржува затворска казна во психијатриски институции веќе 26 години за повеќе силувања и за едно убиство во Белгија, ќе биде еутаназиран на 11 јануари, објавија локалните медиуми.

Ван ден Блекен поднесе барање за еутаназија во 2011 година, повикувајќи се на фактот дека неговата болест е „неизлечива“ и дека преживува „неподносливи“ психолошки болки, потврдија повеќе психијатри.

Ван ден Блекен одби да биде предвремено ослободен како што предвидуваше судската одлука, сметајќи се себеси за „закана за општеството“ и побара да биде еутаназиран, оценувајќи ги условите во затворот како „нечовечки“.

Белгија во 2002 година ја легализира еутаназијата доколку пациентот е свесен, способен да размислува и поднесе барање за еутаназија своеволно.

Оваа одлука отвори жешка дебата во Белгија. Семејството на една од жртвите на Ван ден Блекен, која била силувана и убиена на 19 години, изјави дека одлуката на судот е „неразбирлива“.

По овој случај, 15 други затвореници во Белгија поднеле барање за еутаназија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...