fbpx

Белгија: Мигрант со нож рани свештеник

-

Бегалец со нож нападна свештеник во Ланакен, град во белгиската покраина Лимбург, јави радио-телевизијата „Ер-те-ел“.

Телевизијата јавува дека мажот, кој засега не е идентификуван, вчера тропнал на вратата на 65-годишниот парох Жо Вандерле и го замолил да му дозволи да се истушира. Бегалецот му рекол дека планира да побара азил во Холандија.

Излегувајќи од бањата, мажот побарал од свештеникот пари. Кога свештеникот го одбил, бегалецот му нанел неколку рани со нож, по што побегнал. Иако крвавел, свештеникот успеал да повика брза помош. Лекарите го одвеле повредениот во болница, каде е опериран и е надвор од животна опасност. Обвинителството на Лимбург почна истрага за инцидентот. Полицијата трага по сведоци.

– Без разлика на силниот шок, мораме да нагласиме дека во оваа фаза од истрагата инцидентот не е поврзан со тероризам – објасни Марио Келен, градоначалник на Ланакен, каде се случил инцидентот.

Минатата недела двајца мажи упаднаа во црва во северниот дел на Франција, при што го заклаа 84-годишниот свештеник Жак Амел, а повредија еден верник. Одговорноста за убиството ја презеде терористичката организација Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...