fbpx

Бектеши предлага цените на основните прехранбени производи да се „замрзнат“ до крајот на февруари

-

Два дена пред истекот на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил информираше дека до Владата е доставен предлог мерката да биде продолжена до крајот на февруари 2022 година.

„Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година“, напиша министерот Бектеши.

Владата на 4 декември 2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи на како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, а потоа листата на производи беше проширена и со јајца, ориз и тестенини.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука е со важност до 31 јануари 2022 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...