фото: Мин за економија

Економско-инвестицискиот план е клучниот документ за Западен Балкан, развивајќи нови иницијативи и проекти за создавање на посилни врски и мрежи во инфраструктурата, дигитализација и поврзување на енергијата и транспортот, како нов стимул за економски раст. Заедничката позиција на овој план е подобра поврзаност на економиите во регионот во фундаментални реформи за развој на заеднички регионален пазар, заснован врз законодавството на ЕУ, со цел регионот да стане поатрактивна област за инвестиции.

Ова го посочи министерот за економија Крешник Бектеши, во своето обраќање на состанокот на министерите за трговија на земјите од Југоисточна Европа, кои денеска дебатираа за „Предизвиците и можности за трговија во периодот по пандемијата COVID-19 во Југоисточна Европа“, со кој оваа година претседава Турција.

Тој рече дека среднорочната политика на Владата за поголема отпорност на економијата за периодот 2021-2025 се базира на повеќе политики: Паметен раст за закрепнување и одржлив развој на економијата, Фискална консолидација, Економски инвестициски план, Зелена агенда и Ревизија на постојните договори за слободна трговија.

Министерот информираше дека Северна Македонија заради олеснување на трговијата во регионот воспостави едношалтерски систем со Србија и интегрирано управување со границите на Табановце-Прешево за стоки и патници, а најави дека истото наскоро ќе биде воведено со Албанија, на граничниот премин Ќафасан.

„Во пракса, веќе започнавме со активности за проширување на зелените коридори кон Бугарија и Грција. Овој концепт ги прави коридорите поефикасни за извоз, увоз и транзит на стоки, како зелени ленти што овозможуваат побрз транзит на одреден трансфер на потребната стока“, потенцираше Бектеши.

Неодамна е започнат со процес на ревидирање на договорите за слободна трговија со дел од партнерите на земјата, потсети министерот, како и дека пандемијата со ковид-19 го наруши нормалниот проток на трговијата и влијаеше на извозниот сектор на земјата. Во врска со социо-економските мерки на Владата за ублажување на загубите кај најпогодените сектори, Бектеши повтори дека тие го ублажиле падот на економијата стигна до минус 4,4 отсто, а на увозот и на извозот до 10 отсто.