fbpx

Бектеши: Милион евра за уредување на Старата скопска чаршија

-

Општина Чаир и Министерство за економија ќе го финансираат проектот за уредување на излозите и рекламите со кој ќе бидат опфатени 97 дуќани во Старата скопска чаршија. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој присуствуваше на потпишувањето на договорот со  градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

„За проектот кој ќе значи уредување и разубавување на скопската Чаршија која е еден од најзначајните историски споменици во Скопје, но и во државата, 9, 7 милиони денари одвои Министерство за економија, додека пак Општина Чаир обезбеди уште 2 милиона денари“, информираше министерот Бектеши. Со ова планираме да ја направиме попривлечна за странските и за домашните туристи.

Наредната недела, најави денес министерот за економија, општината треба да потпише договор за финансирање на проектот и со Светска банка, со што би се заокружила финансиската конструкција на уредувањето што значи дека до наредната година во обновата на чаршијата ќе бидат потрошени вкупно милион евра.

Уредувањето на излозите треба да се реализира до крајот на годинава додека пак комплетното уредување на Чаршијата, со партерното уредување и замена на камените плочници би требало да заврши до крајот на следната година, информираше Бектеши.

Тој уверува дека во зафатот на реконструирањето на дуќаните и калдрмата ќе биде запазен автентичниот изглед на скопската Чаршија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...