fbpx

Бектеши: Ќе се крати бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

-

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница го усвои Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија.

Согласно новото законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува од сегашните 15, на 7 членови , односно 5 во помалите општини, а бројот на членови во надзорните одбори на јавните претпријатија се намалува од сегашните 5 на 3 членови, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот. Со Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, за првпат станува законска обврска објавувањето на јавен повик за членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и тоа на веб -страните на Владата, односно општината или Градот Скопје и на веб- страната на самото јавно претпријатие три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот состав.

На јавниот повик ќе може да аплицираат сите граѓани кои ги исполнуваат законските услови за членови на управни и надзорни одбори.

Со предложените законски измени се очекува подигнување на стручноста и професионалноста при управувањето и надзорот на работењето на јавните претпријатија. Со измените во Законот за јавни претпријатија се зајакнуваат критериумите кои треба да ги исполнуваат идните членови на управни и надзорни одбори во делот на образованието и работното искуство. Исто така се воведува законска обврска за формирање на Комисија за селекција, која на најтранспарентен начин ќе ја врши постапката за селекција на сите пријавени кандидати. Дополнително, Предлог- законот пропишува и услови за разрешување на членовите на управните и надзорните одбор на јавните претпријатија, нагласува Министерството за економија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...