fbpx

Бектеши: Еден милион туристи ќе ја посетат Македонија, предвреме ќе ја оствариме целта

-

Според последните податоци  што вчера ги објави Државниот завод за статистика, зголемувањето на бројот на туристи продолжува во континуитет, па наместо до 2020 година, како што прогнозиравме, ние сме на прагот предвреме да ја оствариме зацртаната цел, годинава да оствариме еден милион туристи со три милиони ноќевања, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според Бектеши, учеството на туризмот во домашниот бруто-производ (БДП) се очекува да биде околу три проценти, имајќи предвид што проекцијата до 2020 година е тоа да биде четири проценти. Овој континуиран пораст на бројот на туристи, ќе значи и поголем девизен прилив.

– Ова е знак дека се движиме во вистинска насока, а политиките се одлично поставени. Влезот на Македонија во НАТО ќе значи и отстранување на последната бариера што често пати е споменувана од странските туристи кои ја заобиколувале нашата земја, а тоа е прашањето околу поголема сигурност и безбедност. Но, тоа ќе значи и засилени инвестиции во туристичката инфраструктура, што секако ќе придонесе за развој на туристичкиот сектор – потенцираше Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...