Инспекции во „Жан Митрев“ ќе ги проверуваат лекувањата на пациентите и можните недоследности

-

По објавениот документарен филм со наслов „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во кој се објавени наводи дека Клиничката болница „Жан Митрев“ го злоупотребувала методот на хемофилтрација за време на пандемијата, Владата го задолжи Министерството за здравство да ги разгледа детално објавените информации и во рок од два дена да достави информација во врска со овој случај.

Прес-конференција одржа и министерот за здравство Беким Сали, кој посочи дека е побаран вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница „Жан Митрев“.

Министерот рече дека побарал од инспекторатот да достави информација дали во последните три години се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите. Сали истакна дека во моментот кога ќе ја добие информацијата, транспарентно ќе ја информира јавноста.

Дополнително, како што кажа министерт, уште во текот на утрешниот ден се очекува од Агенцијата за лекови Малмед, која иницираше вонреден надзор, да излезе со информации дали е почитувана потстапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување на ковид-19.

„Според првичните информации не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клиниката“, рече Сали.

Третата постапка која ја спомна министерот, а е повторно актуелизирана пред Лекарската комора е спроведување на бараните стручни надзори во лекувањето на пациентите во клиничката болница „Жан Митрев“.

„Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и ќе го доставам до надлежните институции“, рече тој обврзувајќи се дека сите недоследности кои ќе бидат утврдени, а се под негова надлежност како министер, ќе ги исправи во најкус можен рок.

„Во Република Северна Македонија нема недопирливи, а одговорност, доколку се утврди, ќе има“, рече Сали.

Обвинителството отвори предмет по сторијата на ИРЛ за „Жан Митрев“, од клиниката тврдат дека се работи за невистини

 

Стотици нови пријави од граѓани добиле новинарите на ИРЛ по објавата на „Нечиста крв“

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...