fbpx

Бејли: Работиме за да ѝ помогнеме на Македонија

-

САД ѝ помагаат на Македонија на патот кон евроатланстките интеграции, но и да се справи со политичката криза во земјата, порача синоќа американскиот амбасадор Џес Бејли, за време на прославата на Денот на независноста на САД, организирана во американската амбасада во Скопје.

– Работиме за да ѝ помогнеме на Македонија да се движи напред кон членството во НАТО и во ЕУ. Тоа значи да се работи за решавање на политичката криза на Македонија, за зајакнување на владеењето на правото и на демократските институции како што е наведено во Договорот од Пржино. Тие напори доминираа по вестите, но ние, исто така, знаеме дека Македонија е многу повеќе од тоа што се пишува во насловите на вестите. Македонија е нејзиниот народ, нејзиното наследство, нејзините природни убавини од Шар Планина сè до Дојранското езеро, од Охридското и Преспанското Езеро до Осогово. За да ја запознаеме и да ја разбераме Македонија, мора да го кренеме погледот од нашите дневни преокупации и да ја цениме оваа убавина што нè опкружува. Јас сум благословен што можам да го правам тоа од тука, секој ден – истакна Бејли.

Говорејќи за справувањето со конфликтите, а цитирајќи ја мислата на Абрахам Линколн, „Најдобар начин да се предвиди иднината е да се создаде“, Бејли рече дека проблемите и предизвиците треба да се решаваат на начин што на идните генерации ќе им овозможи на одлуките да гледаат со гордост.

На годинешната прослава, која се фокусираше на природните убавини и богатства, присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, политичките лидери Зоран Заев, Мендух Тачи, Али Ахмети, јавниот обвинител Марко Зврлевски и специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи, како и други видни личности од политичкиот живот во Македонија и од бизнис-заедницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...