fbpx

Бегалците ќе го напуштат Идомени за две недели

-

Грчките власти соопштија дека се надеваат дека преполниот бегалски камп Идомени на грчко-македонската граница ќе се испразни во рок од две недели, затоа што делумно успеале да ги убедат мигрантите да се преселат во околните новоизградени засолништа.

Заменик-министерот за јавни работи, Никос Тоскас, ја исклучи употребата на сила за да се „преместат“ 14.000 лица кои кампуваат на границата во близина на селото Идемени во сè полоши услови.

– Мораме да ги убедиле да се преместат, а не можеме тоа да го направиме користејќи солзавец. Половина од нив се жени и деца – рече Тоскас.

Властите велат дека досега околу 800 лица се согласиле да го напуштат кампот, но нови мигранти секојдневно пристигнуваат.

Македонија неделава ги затвори своите граници за сите мигранти и бегалци, откако во февруари неколку балкански земји и Австрија почнаа да воведуваат ограничувања за мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...