fbpx

Бегалец виновен за измама со криптовалути тешка 40 милијарди долари е уапсен во Црна Гора

Веста за неговото апсење ја објави црногорскиот министер за внатрешни работи, Филип Аџиќ, кој на Твитер сподели дека „еден од најбараните бегалци во светот е приведен на аеродромот во Подгорица“

-

Јужнокорејската полиција соопшти дека До Квон, шеф на измамничка шема со криптовалути, виновен за колапсот на токените TerraUSD и Luna тежок 40 милијарди долари, е уапсен во Црна Гора.

Би-би-си јавува дека претходно годинава финансиските регулатори во САД ги обвиниле Квон и неговата компанија „Тераформ Лабс“ за организирање измама со хартии од вредност со крипто-средства од повеќе милијарди долари.

Јужнокорејските власти мислеле дека Квон се крие во Србија, па испратиле официјални лица на преговори во Белград, бидејќи двете земји немаат договор за екстрадиција. Квон негираше дека се крие, но никогаш не ја откри својата локација.

Веста за неговото апсење ја објави министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, кој на Твитер сподели дека „еден од најбараните бегалци во светот е приведен на аеродромот во Подгорица“.

Аџиќ додаде дека осомничениот, наводно, патувал под лажно име и со лажни документи, а јужнокорејската полиција потврдила дека осомничениот е Квон, откако неговите отпечатоци од прсти се совпаднале со официјалните записи.

Црна Гора нема договори за екстрадиција со САД или Јужна Кореја.

Американските финансиски регулатори ги обвинија Квон и „Тераформ Лабс“ дека постојано тврделе оти вредноста на токенот TerraUSD ќе се зголеми, со што ги заведувале инвеститорите околу стабилноста на овој токен.

Вредноста на токенот и на поврзаната криптовалута Luna во мај минатата година паднаа на нула. Ова предизвика масовно продавање на главните криптовалути како Биткоин, Етериум и Тетер. На глобално ниво, инвеститорите во токените изгубиле околу 42 милијарди долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...