БЕГ: Владината одлука за субвенции за парно истече на 30 април, парите не се исплатени од февруари

-

Од БЕГ-Снабдување реагираат во врска со денешната прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика, на која претседателот Марко Бислимовски побара БЕГ да ги сторнира сите сметки за август на корисниците на парно греење во Скопје и да се изготват нови сметки, во кои ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на владата.

„Услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година. Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата на РСМ за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите“, информираат од БЕГ-Снабдување.

Од Балкан енерџи груп-Снабдување истакнуваат дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец.

„Ја информираме јавноста дека субвенциите кои БЕГ-Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата сè уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата“, се наведува во соопштението од БЕГ-Снабдување.

Како што веќе пишуваше Мета.мк денеска, августовските сметки за парно греење испратени од Балкан Енерџи Груп (БЕГ) им предизвикаа главоболки на граѓаните, поради огромниот раст – за околу 40 отсто – на сумата што треба да ја платат. Веќе два дена реагираат на зголемувањето, па така на пример оние домаќинства коишто во април и мај добивале сметки за парно од 1.410 денари, во август им пристигнаа сметки од 1.932 денари. Оние кои пролетта имале сметки во висина од 2.970 денари, во август добиле дури 4.380 денари.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...