fbpx

БДП лани достигна 3,6 отсто, за 0,1 отсто повеќе од проекциите на Владата

-

Државниот завод за статистика ги објави податоците за трендот на бруто-домашниот производ, БДП, кој во последниот квартал на 2019 година, во споредба со истиот квартал во 2018 година, е повисок за 3,4 отсто, а вкупниот пораст на БДП за 2019 година изнесува 3,6 отсто, што ја надминува проектираната стапка на Владата од 3,5 отсто.
Според проекциите на Владата, во 2020 година реалниот пораст на БДП се очекува да изнесува 3,8 проценти, а во наредните две години да продолжи да порасте, односно да достигне 4,1 проценти во 2021 година и 4,3 отсто во 2022 година, при што ќе биде придвижен од домашната побарувачка.

Од Владата изјавија дека порастот на БДП од 3,4 отсто за последниот квартал од претходната година и вкупниот пораст за цела 2019 година од 3,6 проценти е доказ за успешните економски политики. Посочија и дека нивото на БДП ја надмина и проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка, со што Македонија е на осмото место според порастот, на табелата од 38 земји од ЕУ и од регионот, пред Бугарија, Кипар, Хрватска, Чешка, Словенија и други земји членки на Унијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...