Банките потешко ќе издаваат потрошувачки кредити

-

Народната банка ќе преземе мерки со кои од следната година банките ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити.

Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов пред еден месец, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити.

– На денешната седница, Советот ја усвои одлуката за изменување и за дополнување на одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот, со која се воведуваат мерки за забавување на високиот пораст на долгорочните потрошувачки кредити – се вели во соопштението на Народна банка.

Како причина за овој потег, Народна банка наведува дека во последните две години се забележува доста брзо зголемување на потрошувачките кредити, пред сѐ потрошувачките кредити со рок на исплата подолг од десет години, чијашто годишна стапка на пораст во септември 2015 година достигна дури 47,5 проценти.

– Во практика, речиси секогаш по брзиот пораст на кредитирањето, вообичаено проследен и со олеснување на условите за кредитирање, следува период на отежната наплата на побарувањата. Зголемувањето на нефункционалните потрошувачки кредити е умерено, но забрзува во последните месеци. Сепак, под влијание на забрзаниот кредитен пораст, учеството на нефункционалните потрошувачки кредити во вкупните потрошувачки кредити е на релативно ниско ниво (5,2 проценти) – се вели во соопштението на банката.

Мерките, како што велат, се воведуваат за да се ограничат потенцијалните ризици од забрзаното зголемување на долгорочните потрошувачки кредити, односно за да се влијае превентивно на сигналите за можните идни зголемувачки ризици од овие кредити.

Оваа мерка не значи дека банките ќе престанат да даваат потрошувачки кредити со подолги рокови, но реално е да се очекува дека банките ќе го следат сигналот на Народната банка и ќе придонесат за забавување на брзиот пораст на овие кредити.

Поради мерката во однос на долгорочните потрошувачки кредити, а за да се спречи можноста од пренасочување на задолжувањето кон кредитните картички и пречекорувањата на трансакциските сметки, банките ќе бидат поригорозни и во однос на дозволениот минус на картичките.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...