fbpx

Бан Ки-мун: Запирањето на протекот на мигранти е спротивно на меѓународното право

-

Ограничувањата на протекот на мигранти воведени во Европа за запирање на бегалскиот бран, се спротивни на меѓународното право и на општочовечката пристојност, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

За време на посетата во Мадрид, тој изрази загриженост од ограничувањата на патот на мигрантите и рече дека секој кандидат за азил има право на индивидуално разгледување на неговото барање за азил.

Оваа изјава на генералниот секретар на ОН доаѓа откако грчката полиција рече дека 10.000 бегалци, од кои повеќето Сиријци и Ирачани, се блокирани на граничниот премин Идомени со Македонија и оти се влошуваат тамошните услови. Неколку земји од т.н. балканска рута, пред сè Австрија, воведоа ограничувања за бегалци во последните 10 дена и тоа предизвика метеж од мигранти на границата на Грција со Македонија и во самата Грција.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...