fbpx

Балкански медиуми предвреме го умреа Ратко Младиќ

-

Дезинформацијата дека починал воениот злосторник Ратко Младиќ проструи бргу низ медиумите во Србија, Босна и Херцеговина вчера, но по само неколку минути, откако се утврди вистината, почна и масовно бришење текстови, пишува црногорскиот сервис за борба против дезинформациите raskrinkavanje.mе.

Дезинформацијата произлегла од Твитер-профил со име Bisera Turković – potpredsjednica Vladе i ministarka spoljnih poslova Bosne i Hercegovine – zvanični nalog, кој бил отворен на 10 февруари, а првиот твит бил објавен вчера. Неговата содржина била дека амбасадорот на Босна и Херцеговина во Хаг ја известил наводната Турковиќ дека починал Ратко Младиќ.

Потоа бил објавен и друг твит на наводниот профил, кој велел дека претседателот на Меѓународниот суд на правдата А. А. Јусуф на Турковиќ ѝ ја потврдил веста за смртта на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Сепак, подоцна е утврдено дека Твитер-профилот под името на Бисера Турковиќ го отворил италијанскиот новинар Томасо Дебенедети, кој е познат креатор на лажни вести и на лажни Твитер-профили, и кој кажува дека тоа го прави за да покаже дека денеска е лесно да ги измамиш медиумите, пишува raskrinkavanje.mе.

Веста за смртта на Младиќ ја демантирале неговиот син и Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови.

„Овој случај уште една покажа дека во екс-ЈУ просторот владее „копи-пејст“ новинарство, во кое новинарите не проверувајќи ги изворите на информации и нивната кредибилиност, ги објавуваат, копираат, и така придонесуваат за ширење дезинформации“, пишува raskrinkavanje.mе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...