Градинка Срничка

Бактерија МРСА (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus) е изолирана кај дете и воспитувачка во клонот „Кокиче“ во градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода. Во епидемиолошкото одделение во Центарот за јавно здравје информираат дека ситуацијата е под контрола и апелираат родителите да не креваат паника.

– Направивме епидемиолошки увид, дадовме препораки да се дезинфицира градинката. Бактеријата не е опасна за здрави деца, опасна е за пациенти кои биле на болничко лекување односно кај лица со намален имунитет. Опасна е и за новороденчињата – велат во Центарот.

Во февруари годинава имаше четворица пациенти со МРСА во градинка „Снежана“ во Чаир и во осноното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел.

Според микробиолозите, бактеријата ако е изолирана во градинка или во училиште, не е опасна. МРСА е стафилококна бактерија, која е поотпорна на антибиотици, но стафилококни бактерии во носот имаат 30 отсто од населението, а најчесто децата. Тие смируваат дека бактеријата не предизвикува болест кај здрави деца.