fbpx

Бајрами: Случајот за евентуални злоупотреби во ИВЗ ги поттикна институциите што беа заспани

-

По отворањето на случајот за евентуални финансиски злоупотреби во Исламската верска заедница (ИВЗ) од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, институциите се разбудија и започнаа со работа. ИВЗ доставил годишен извештај за 2019 година, додека Антикорупциска достави иницијатива за да се поведе постапка за одговорност на директорката на Централниот регистар за неизвршување на овластувањата, објаснува за „Порталб.мк“, членот на Комисијата за спречување на корупција, Нури Бајрами.

– Случајот не е затворен, се чини дека ова имаше влијание и работите едноставно се придвижија во заспаните институции, кои дури не ги знаеја ниту нивните надлежности, и благо речено, тие ги знаат, но не ги практикуваат – вели Бајрами.

Тој исто така објаснува дека Централниот регистар негирал дека ИВЗ треба да доставува до нив годишни финансиски извештаи, кои не ги доставувал веќе 5 години.

– Централниот регистар го оспори тоа, а потоа се изјаснија дека, наводно, тие немаат никаква обврска за годишните финансиски извештаи. Законот за едношалтерски систем, Законот за Централниот регистар, точно дефинира кој треба да ги води регистрите. Регистарот го води Основниот суд Скопје 2, но тие беа принудени да го предадат до Регистарот, а тие спореа дека нема такви податоци, но податоците всушност биле добиени од 2006 година и доколку немале податоци, ниту би ни одговориле. Значи, Регистарот го обработил, но не ни даваше одговор – вели Бајрами.

Тој понатаму појаснува дека тие доставиле до Управниот совет на Централниот регистар иницијатива за поведување на постапка за одговорност на директорката на Централниот регистар за неисполнување на нејзините овластувања да имаат институционален пристап до даночните обврзници, без оглед дали се ослободени или не, годишните финансиски извештаи се доставуваат согласно закон. Советот мора да одлучи за ова во рок од 60 дена.

– Сите институции насекаде се повикуваа на автономија, но апсолутна автономија нема никогаш. Автономијата е во рамките на законот, никој не се меша во нив (ИВЗ, забелешка на редакцијата), туку државните органи, носителите на јавни овластувања кои имаат овластување да ги извршуваат своите функции правилно – вели Бајрами.

Кога беше поднесено барањето за прибирање податоци, ИВЗ, според впечатокот на Бајрами, сфатиле дека треба да достават годишен финансиски извештај и на некој начин алармирале дека и за минатата година (2019 година) тие доставиле годишен извештај.

– Самиот Централен регистар вели дека ИВЗ не доставил извештај, кога влеговме во Централниот регистар гледаме дека за минатата година има, така што може да се подразбере дека тие се свесни – вели Бајрами.

Од друга страна, Бајрами исто така информира дека контактирал со Обвинителството во врска со тужбата поднесена за финансиски злоупотреби во ИВЗ, но од Обвинителството одговорија дека сè уште се постапува по овој случај.

Инаку, на 12 јуни, Државната комисија за спречување на корупција отвори случај за анализа на финансиски злоупотреби кои, наводно, ги извршила Исламската верска заедница на Северна Македонија. Членот на Антикорупциска, Нури Бајрами, на прес-конференција рече дека случајот во форма на тужба е доставен до комисијата на 01.11.2019 година и е копија на кривичната постапка што е доставена до многу други институции, вклучително и Јавното обвинителство за организиран криминал. Во тоа кривично дело, кое се состои од 116 парчиња докази, постојат сомневања дека постои голема злоупотреба на средства во ИВЗ.

На 27 мај Ријасетот на Исламската Верска Заедница на вонредна седница со двотретинско мнозинство го разреши од функција поглаварот Сулејман Реџепи, кој беше избран за поглавар во 2007 година и досега беше реизбран на неколку 5-годишни мандати. На негово место за в.д. претседател беше избран Шаќир ефенди Фетаху.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...