fbpx

Бајден со честитка за Денот на независноста: САД остануваат силни поддржувачи на Северна Македонија

-

Во име на американскиот народ, го честитам Денот на независноста на Северна Македонија. Одбележувајќи ја оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат.

Со таква порака, претседателот на САД, Џо Бајден, на својот македонски колега Стево Пендаровски му го честиташе Денот на независноста – 8 Септември.

Бајден во честитката посебно се осврнува на соработката на двете држави и порача дека поддршката од САД за Северна Македонија продолжува, меѓу другото, и на планот на европските реформи за зачленување на земјава во ЕУ.

„Како што Вашата земја продолжува да напредува – зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на Вашите демократски институции – САД остануваат Ваши силни и непоколебливи поддржувачи. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската Унија“, се вели во честитката од Бајден, кој се заблагодари и за тоа што Северна Македонија, како 30-та членка на НАТО од годинава, беше домаќин на мултинационалната вежба „Решителен удар 21“ во Центарот за воена обука „Криволак“.

Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
download udemy paid course for free
download mobile firmware
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=