Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, побегнал од Мосул за да ги избегне воздушните напади, објави денеска ирачката војска.

„Нашите разузнавачки извори потврдија дека Багдади побегнал заедно со цивилите за да се скрие од воздушните напади“, соопшти прес-службата на ирачката војска.

Пред неколку дена, Багдади одржа говор, повикувајќи ги своите борци да го бранат Мосул по секоја цена.

Тој, исто така, се закани дека Турција ќе стане нова мета на Исламска држава.

Багдади ја предводи Исламска држава од јуни 2014 година. Медиумите повеќепати пренесуваа информација дека тој е убиен, но тоа никогаш не беше потврдено.