fbpx

Бабовски: Граѓаните да не се грижат, африканската чума не е опасна за луѓето

-

Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче првпат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани шест случаи и тоа во селата Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, сите во источниот дел на земјата, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Toj апелира до граѓаните да не се грижат зашто африканската чума не е опасна за луѓето, ниту месото од заболените свињи е штетно, но болеста може да се шири зашто вирусот останува активен во свежото месо. Тој ги повика одгледувачите свињите да ги чуват во затворен простор и секој сомнителен случај веднаш да го пријават.

„На удар се малите одгледувалишта со по една, две или три свињи за домашна употреба, кои не применуваат биосигурносни мерки, но и несовесните граѓани кои без да водат сметка за хигиена и за примена на соодветните мерки, излегуваат и влегуваат на фармите. Големите фарми не се во регионот што е сега зафатен со африканска чума. Се работи за поединечни случаи. Потсетуваме дека сточарите ќе добијат отштета само доколку пријават сомнително и заболено животно кај кое ќе се потврди присуството на болеста, а не и за угинатите животни“, рече тој.

Ако случаите не се пријават, на одгледувачите не им следува финансиски надомест. Отштета не следува и за свињите кои се чуваат на отворено, спротивно на забраната, кои ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на одгледувачот. Затоа од АХВ апелираат сите одгледувачи на свињи, официјалните ветеринари на АХВ или најблиските ветеринарни друштва, навреме да го пријават секој сомнителен случај на африканска чума за да се спречи ширењето на болеста.

„Како извор на вирусот се дивите свињи, а болеста која ја има во регионот е веројатно пренесена кај нас од соседна држава, но не кажа од која, а како потенцијално ризичен регион е оној на границата со Србија и со Бугарија. Единствен начин за справување е уништување на животните, без разлика дали се здрави и болни во радиус од три километри и целосно обештетување на одгледувачите“, рече тој.

Директорот на АХВ уште еднаш апелира до граѓаните да не се грижат, зашто африканската чума не е опасна за луѓето, ниту месото од заболените свињи е штетно, но болеста може да се шири зашто вирусот останува активен во свежото месо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...