fbpx

Бајден и Сандерс главни претенденти за демократски кандидат на претседателските избори во САД

-

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс се главните претенденти за претседателски кандидат на Демократската партија што ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД. По гласањето на синоќешниот „супер вторник“, Бајден успеа да го победи Сандерс во девет сојузни држави: Тексас, Масачусетс, Арканзас, Минесота, Тенеси, Оклахома, Алабама, Северна Каролина и Вирџинија.

Изненадувачкиот успех на Бајден доаѓа откако двајца други демократски кандидати Ејми Клобучар и Пит Бутиџич се откажаа од трката и својата поддршка пред гласањето на „супер вторникот“ му ја дадоа на Џо Бајден. Тој успеа да го победи сенаторот Сандерс во Тексас и изненадувачки во Северна Каролина. Сепак, Берни Сандерс на синоќешното гласање ја освои победата во Јута, Колорадо и Вермонт, а во моментов има предност пред Бајден и во државата со најмногу делегати – Калифорнија. Конечните резултати во сојузната држава Мејн треба допрва да се објават, иако првичните резултати укажуваат на мртва трка меѓу двата кандидати.

Синоќешните резултати од гласањето на демократите покажаа дека двајцата други претенденти за кандидат на демократите – милијардерот Мајкл Блумберг и левичарската сенаторка Елизабет Ворен имаат минимални шанси доколку се одлучат да ја продолжат трката со Бајден и Сандерс. Според последните резултати што ги објави „Гардијан“, Бајден досега има освоено 453 делегати, додека Сандерс има 382. За да се добие номинацијата на Демократската партија за кандидат за американски претседател на изборите, потребни се гласовите од минимум 1.991 делегат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...