fbpx

Автопатот Кичево – Охрид ќе се гради забрзано – Кинезите дадоа амин и 380 милиони евра

-

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид забрзано ќе продолжи во наредниов период, а половина од делницата во делот меѓу селото Врбјани и Охрид ќе се направи напор да се заврши следната година. Ова денеска го потврди министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој посочи дека кинеската Ексим банка им ставила на располагање на македонските власти вкупно 380 милиони евра за овој автопат.

Министерот Сугарески нагласи дека останатата половина од автопатот, во делот меѓу Кичево и Врбјани, ќе биде завршена до предвидениот краен рок – јуни 2021 година. Во меѓувреме, Јавното претпријатие за државни патишта летово треба да ја избере фирмата што ќе ги препроектира утврдените пропусти во документацијата за автопатот Кичево – Охрид. За изработка и докомплетирање на основните проекти и проектите за инфраструктура ќе биде потребна една година, но паралелно ќе може да се продолжи со изведбата на оние сегменти од автопатот каде што нема проблеми со проектот.

Автопатот Кичево – Охрид е со должина од 57 километри, за кој државата треба да издвои 598 милиони евра. Изградбата на оваа делница од Коридорот 8 започна во февруари 2014 година, но неколку години подоцна се утврдија сериозни пропусти во проектната документација. Како резултат на ова, првичната вредност на автопатот поскапи над 180 милиони евра, додека рокот за изведба се пролонгираше за три и пол години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...