fbpx

Автобуска постојка до судот во Тетово без клупи за седење на патниците

Клупите се многу потребни за постарите лица кои чекаат автобус, но и за тие што не можат да стојат долго време на нозе

-

Постојката за јавен превоз до судот во Тетово сè уште останува без соодветни клупи за патниците. Во недостаток на клупи и грижа од Јавното транспортно претпријатие, граѓаните импровизираат со столчиња што си ги носат од дома, пишува Порталб.мк.

Клупите се многу потребни за постарите лица кои чекаат автобус, но и за тие што не можат да стојат долго време на нозе.

Фото: Фисник Џелили, Порталб.мк

Побаравме објаснување од Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ за тоа зошто на оваа постојка не се поставени клупи и кога ќе се постават истите. Оттаму имаа проблем со електронската пошта и не беа во можност да ги примат нашите прашања. Откако контактиравме преку телефон, истите ги испративме на друга мејл адреса. Но, независно од ова, одговор не добивме. Од претпријатието преку телефон ни рекоа дека имаат проблем со интернетот и дека одговор ќе ни испратат утре.

Порталб.мк потврди дека другите постојки на јавниот транспорт долж булеварот „Илира“ и „Илинден“ се опремени со соодветни клупи.

Оваа проблематика, Порталб.мк ја третираше во септември и октомври минатата година, кога на ниедна од постојките немаше поставени клупи. Потоа, во декември минатата година, јавното претпријатие „Тетова Транспорт“ постави клупи на овие постојки. Но, кај судот, постојката останува без нив. Веднаш откако беа поставени, несовесни граѓани оштетија една од постојките. Една од клупите на една од постојките беше украдена во јануари оваа година.

Овие девет постојки беа поставени пред околу три години, при што една постојка чинела околу 4.524 евра. Деветте автобуски постојки во октомври 2021 година беа заменети со нови стаклени постојки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...