fbpx

Австрискиот канцелар Курц поднесе оставка поради вмешаност во корупциски скандал

-

Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка, откако беше вмешан во корупциски скандал, а неговото место ќе го презеде министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг.

На прес-конференцијата синоќа, најави дека „неговата оставка е привремена и дека планира да се врати на функцијата кога обвинувањата на обвинителството ќе се покажат како неосновани.“

„Се повлекувам за да спречам хаос и за да се реши ситуацијата во која се најде коалицијата. Мојата земја ми е поважна од мене“, рече Курц.

Полицијата на 6 октомври влезе во просториите на Курц и изврши претрес, при што тој, деветмина негови соработници, како и три организации се под истрага на Обвинителството за борба против економски криминал, под сомнение дека јавни пари  биле искористени за истражување што работата на австрискиот канцелар ја прикажуваат во подобро светло.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...