Австрија жали за трагичната загуба на единаесет животи и десетици повредени во Грац вчера, објави на X Aвстриската амбасада.
„Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства. За оние кои сакаат да ги споделат своите сочувства, австриската канцеларија објави книга со сочувства достапна онлајн“, објави амбасадата.
На 10 јуни, девет лица беа убиени во пукотница во средно училиште во австрискиот град Грац. Седум ученици, еден возрасен и осомничениот вооружен напаѓач беа меѓу загинатите. Според првичните информации од полицијата, сторителот веројатно дејствувал сам. Околу пладне, ситуацијата била оценета како „безбедна“ за јавноста.