fbpx

Австрија отвора почесен конзулат во Битола

-

Австрија отвора почесен конзулат во Битола, а за почесен конзул веќе е именувана универзитетската професорката Валентина Илиева. В недела во Битола се очекува да допатува Генералниот секретар на Австриското сојузно министерство за надворешни работи, Михаел Линарт, кој заедно со Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска, свечено ќе го отвори Почесниот австриски конзулат во Битола.

Овој конзулат во Битола ќе биде 14. по ред, од возобновувањето на идејата да се врати сјајот на конзулска Битола. Но, во меѓувреме, во Битола се затворија почесните козулати на Хрватска, Словенија и на Велика Британија.

Сепак, и покрај ваквата слика, добар дел од почесните конзулати во градот го оправдаа своето постоење, зајакнувајќи ги културните и економските односи меѓу Македонија и европските земји.

Наскоро се очекува и Италија да го возобнови почесниот конзулат во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...