Австрија од четврток ги забранува сите летови од Виена и Салцбург кон Македонија и 9 други земји

-

Министерството за здравство на Австрија ја прошири листата на земји од кои е забрането да пристигнуваат летови на австриските аеродроми. Од четврток, 16 јули, Австрија ги стопира сите летови од и кон сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, а на листата се вклучени и Бугарија, Романија, Молдавија и Египет. На проширената листа од 18 земји веќе се наоѓаат Велика Британија, Португалија, Кина, Белорусија, Русија, Иран, Шведска и Украина.

Ваквата забрана за полетување и слетување од австриските аеродроми кон Скопје и Охрид ќе трае до крајот на јули, а новата одлука на властите во Австрија за повторно воспоставување на воздухопловниот превоз ќе зависи од бројката на активни случаи со ковид-19 во нашата земја.

Одлуката на австриските власти ќе значи дека „Аустриан ерлајнс“ од четврток нема да може да лета на релацијата Виена-Скопје-Виена, додека „Визер“ нема да смее да ги одржува летовите меѓу Скопје и Салцбург, но и меѓу Охрид и Виена.

Според донесената уредба во Австрија, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на товарни авиони, авиони што ги пренесуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, како и превоз на здравствените работници.

Ваквата одлука на австриските власти доаѓа само неколку дена откако италијанската влада ги откажа сите летови меѓу аеродромите во Македонија и италијанските градови.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...