Аврамопулос: Азилантите од Балканот што побргу да се вратат дома

-

Европскиот комесар за миграција и за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, денеска ја поддржа идејата за создавање заедничка европска листа на „безбедни“ земји и се заложи азилантите од оваа група земји што побргу да се вратат дома.

– Мислам, пред сè, на азилантите од Западен Балкан и од Турција – рече Аврамопулос на прес-конференцијата во Стразбур, додавајќи дека една петина, односно околу 100.000 од половина милион барања за азил кои ги примиле годинава, отпаѓаат на граѓани од државите од Западен Балкан.

Аврамопулос, на заедничката прес-конференција со потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, и со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, истакна дека тие што немаат право да останат во ЕУ треба да бидат вратени преку програмата за реадмисија.

– Тоа ќе ослободи капацитети за тие на кои помошта навистина им е потребна – рече тој.

Могерини потсети на денешниот говор на претседателот Жан-Клод Јункер, во кој изложувајќи го планот, тој побарал формирање заедничка европска листа на сигурни земји, а меѓу нив ги смести сите формални и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

– Како што рече претседателот Јункер, на лицата од овие земји нема автоматски да им биде скратено правото на азил, кое е неотуѓиво, туку нивните барања ќе се одбиваат по забрзана процедура – рече Могерини.

Аврамопулос рече дека за сигурни земји се сметаат оние во кои нема војни и прогон и во кои се почитуваат човековите права.

– Ако дојде до масовно кршење на човековите права, ние секако дека ќе реагираме – порача тој.

Јункер утринава рече дека на земјите што ќе бидат тргнати од листата на безбедни земји ќе им биде затворен патот кон европското членство.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...