fbpx

АВМУ и ЗНМ со реакција за непрофесионалниот однос на генералниот секретар на Град Скопје Зоран Глигоров кон медиумите

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на, како што велат, непрофесионалниот однос на генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој за време на прес-конференција одби да одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски.

„Претставниците на институциите треба да вложат максимални напори да им обезбедат информации на медиумсктие работници, особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста“, реагираат од АВМУ.

Од Агенцијата додаваат дека најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случуања, имајќи ја предвид нивната улога во отоврањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност на јавните органи.

Реагираше и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) од каде велат дека јавните функционери и претставници на институциите треба да се трудат да даваат одговори на сите новинарски прашања.

„Потсетуваме дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека функционерите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа“, порачаа од ЗНМ.

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, за време на прес-конференцијата денеска одби да одговара на новинарски прашања во однос на блокадите на улиците и сообраќајниот хаос во Скопје, упатувајќи ги новинарите да се обратат на електронската адреса на Градот.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
free online course
download mobile firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy paid course free download