fbpx

АВМУ бара медиумите да ги почитуваат професионалните стандарди

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги поттикнува медиумите сериозно и доследно да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи целосно свесни за важната улога што ја имаат во процесот во кој граѓаните на едно демократско општество треба слободно да ги формираат своите ставови за сите општествено – политички прашања врз основа на вистинити и објективни информации и различни гледишта.

„Барањата за правичност, непристрасност и за баланс во известувањето не се однесуваат само на периодот на изборниот проце. Тоа е само поинаков начин да се формулира начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења. Ова начело, не само што е пропишано со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, туку е општоважечки професионален стандард во сите демократски општества и неопходен предуслов за извршување на новинарската професија“, велат од АВМУ.

Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, но и печатените медиуми и интернет порталите, и нивните сопственици, да направат јасна разлика меѓу деловниот, политичкиот и приватниот интерес од една страна и професионалното известување од друга страна и да им овозможат на сите медиумски професионалци независно и непречено да ја работат својата работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...