fbpx

Авантуристички парк кај Плаошник, нова авантура на локалната власт

-

Во боровата шума кај Плаошник, над плажата Лабино во заштитеното градско јадро, на површина од околу 500 квадратни метри, Oпштина Охрид сака да гради авантуристички парк со реквизити за забава и за рекреација, пишува порталот „Охрид њуз“.

Надлежните уверуваат дека авантуристичкиот парк нема да го наруши амбиентот бидејќи сите реквизити ќе бидат од природни материјали, за што билe информирани и позитивно мислење дале од  Заводот и музеј во Охрид.

– Сето ова е во соработка со Завод и музеј како надлежна институција и изработени се сите параметри за заштита и на животната средина и на самиот изглед на градското јадро. Одговорно тврдам дека нема да има никакви интервенции врз растителниот свет, односно врз дрвјата, ниту ќе има некоја цврста градба – вели во изјава за порталот Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам и за локален економски развој при Општина Охрид.

Вредноста на проектот кој предвидува изградба на авантуристички парк на охридското Кале изнесува 160.000 евра. Средствата планирано е да бидат обезбедени од ИПА-фондововите преку проектот „Вотер eнерџи“ што заеднички го реализираат Македонија и Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за останатите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против пет лица во случајот „Грчец“. Тројца од обвинетите, како припадници на организираната меѓународна криминална група, извршиле...